Најдобриот кошаркар во историјата на овој спорт, Мајкл Џордан, рече дека Коби Брајант го чувствувал како помал брат.
-Зборовите не можат да ја опишат болката што сега ја чувствувам. Го сакав Коби, тој беше како помал брат за мене, напиша Џордан на социјалните мрежи.
Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана, загинаа во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Според последните информации од САД, во урнатиот хеликоптер животот го загубија вкупно девет лица.