Феноменот Роналдо, бразилската легенда која на Бразил ѝ ја донесе последната светска слава со осумте гола на СП 2002 во Јапонија и Јужна Кореја, посочи дека актуелната суперѕвезда од Франција, Килијан Мбапе многу го потсеќа на него во најдобрите години кога „феномено“ жареше и палеше на европските терени.
Мбапе стана „златна копачка“ на СП во Катар со осум гола, единствен покрај Роналдо кој во изминативе пола век од 1970 година наваму дал толку погодоци на еден Мундијал надминувајќи го просекот од шест гола за најдобар стреелц. Патем даде хет-трик во финалето, прв после Џеф Харст во 1966 година, но не успеа да освои втора светска титула после поразот во финалето на пенали од Аргентина во најубавиот финален меч во историјата со шест гола (3-3).