МВР: ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги!

Министерството за внатрешни работи апелира до партијата ВМРО-ДПМНЕ да престане да пласира лаги, чија цел е дискредитирање на полицијата. И денеска, преку соопштение пласираат лаги за наводна поврзаност на МВР со бегство на лицето Наим Самиу, иако надлежен за определување мерка притвор е единствено – судот.
Наместо да шират лаги за МВР, упатувајќи небулозни прашања на погрешна адреса, прашањата да ги упатат до надлежниот суд. А фактите говорат дека полицијата постапи по сѐ што е донесено како одлука од судот.

Пожар во стан во Куманово: Причинета е материјална штета
Пожар избувна попладнево после 16 часот во стан од зграда на улицата „Среќко Пужаљка“ во Куманово. Територијалната противпожарна единица Куманово интервенираше со две противпожарни возила и шестмина пожарникари. Во пожарот нема повредени …
Тpамп: Ако победам, ќе ја сменам амеpиканската политика кон Укpаина
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека доколку победи на изборите, ќе ја промени американската политика кон Украина и дека ќе се обиде да го реши конфликтот преку …

Токму по поднесена кривична пријава од страна на СВР Тетово на 16 август 2023 година, на Самиу му бил определен активен притвор, а на 29 септември 2023 година од страна на Основниот суд Тетово мерката активен му е заменета со мерка куќен притвор. Покрај ова, ја известуваме јавноста дека против Самиу досега се поднесени 15 кривични пријави за вкупно 30 кривични дела, потоа 4 прекршочни пријави, како и едно писмено известување до ОЈО Тетово. Уште еден доказ кој ги демантира лагите на ВМРО-ДПМНЕ.
Апелираме до партијата ВМРО-ДПМНЕ да престанат да шират лаги. За работењето на МВР сведочат резултатите, намалениот криминалитет и големата доверба која полицијата ја има кај граѓаните.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.