Меган Маркл во впечатливо издание

Војвотката и војводата од Сасекс присуствувале на приемот наречен “Your Commonwealth” кој се одржал во лондонската кралска палата Марлборо, седиште на Секретаријатот на Комонвелтот.
Меган Маркл и принцот Хари се сретнале со главната секретарка на заедницата и делегати кои во изминатите неколку денови имале прилика да учествуваат на бројни работилници.
“Не можеме да го дочекаме моментот кога ќе ве видиме во акција во вашите земји и да научите нешто повеќе со цел да го подобрите Комонвелтот и светот”, рекол принцот Хари во поздравниот говор.


Модните критичари будно ја следат војвотката од Сасекс и нејзините модни изданија, а сите оние кои ѝ замерувале на недостатокот на бои кои таа ги носи, сега сигурно останале воодушевени.


Имено, Меган на приемот дошла во впечатливо жолт фустан со потпис на дизајнерот Брендон Максвел од колекцијата за пролет/лето 2018 година. Фустанот совршено ѝ прилегал на нејзиниот тен.
Невозможно е да не ја забележите разликата во нејзините комбинации пред и по венчавката, но со овој фустан таа дефинитивно внела живот во својот нов стил на облекување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.