ојвотката Меган Маркл се налутила поради епизодата на американската анимирана серија „South Park“ во која таа и принцот Хари биле исмејувани.
Според извор кој зборувал за Дејли Мејл, Меган со денови била вознемирена и скршена од нејзиното прикажување во „South Park“.
Минатата недела, во епизодата наречена „The Worldwide Privacy Tour“, тие биле брутално исмејувани поради нивните барања за приватност додека ја промовирале автобиографијата на принцот Хари.
Кралскиот коментатор, Нил Шон, за „Fox News“ изјавил дека претставниците на двојката сега внимателно го следат шоуто поради нови напади и дека нивните адвокати планираат да ја тужат популарната серија.
Контроверзната епизода прикажувала принц и принцеза од Канада – млада кралска двојка која гласно се моли за приватност додека привлекува внимание кон себе. Црвенокосиот принц и неговата сопруга, која ја носи истата розова облека што Меган ја носеше за „Trooping the Colour“ во 2018 година, ја промовираат книгата на принцот „Waaagh“, чија корица многу наликува на мемоарите на Хари ‘Spare’“.