Рускиот премиер Дмитриј Медведев во средата оцени дека во пристапот кон финансиската на Кипар се сторени „сите можни грешки“, и повика на „поразборит“ пристап кој нема да им наштети на односите меѓу Русија и Европската унија.„Ми се чини дека во таквата ситуација веќе се направени сите можни грешки. Се надевам дека на крајот ќе биде усвоено попромислено решение коешто ќе му помогне на Кипар, а нема да ги влоши нашите односи со Европската унија“, изјавил рускиот премиер Дмитриј Медведев сликовито претставувајќи дека ЕУ се однесла кон Кипар „како слон во стакларница“, пренесува агенцијата Интерфакс.Медведев потврдил дека на кипарската криза ќе биде посветено „посебно внимание“ во четвртокот во Москва на состанокот за соработка меѓу Русија и Европската унија, кога се очекува доаѓањето на претседателот на Европската комисија, Жосе Мануел Баросо и 16 еврокомесари.Медведев на ЕУ ѝ забележува што не ја вклучила Русија во преговорите за Кипар за помошта вредна 10 милијарди евра во замена за воведувањето на еднократниот данок на штедните влогови, за 6,75 отсто на влогови до 100 илјади евра и со 9,9 отсто за депозитите над 100 илјади евра, во кипарските банки во коишто големи суми и капитали имаат руски банки, компании и приватни штедачи.„Во таквите преговори и одлуки мора да учествуваат сите заинтересирани страни“, изјави рускиот премиер.
МакфаксРускиот премиер Дмитриј Медведев во средата оцени дека во пристапот кон финансиската на Кипар се сторени „