Медитеранска салата со тестенини

Едноставна и вкусна салата со тестенини и туна, идеална за жешките летни денови.

Состојки:

  • 250 гр тестенини без јајца, може и интегрални или безглутенски тестенини
  • 1 конзерва туна
  • 125 гр растителен кашкавал
  • неколку чери домати
  • 8 црни маслинки
  • 5 ливчиња босилек
  • сол, бибер

Подготовка:
Сварете ги тестенините „ал денте“, исцедете ги и измешајте ги со туната, па оставете малку да се изладат.
Исечкајте ги кашкавалот, маслинките и босилекот, а чери доматите пресечете ги на половина, а потоа измешајте со разладените тестенини и туната.
Додадете сол и бибер по желба.
Ставете ја салатата во фрижидер еден час да се излади пред да ја сервирате.

Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.