Мицкоски не сакал да зборува за осудените за 27 април на лидерската средба во понеделникот во Собранието на Република Македонија.
Ова индиректно го открива лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во вчерашната емисија на Тешки муабети каде посочи дека кога предложил отварање на протестите за 27 април и останатите политички монтирани случаи.
Сите три точки и за енергетската криза, кои се реформските закони и уставните промени, немаше детали околу првите две точки најмногу имаше за последната, за отварањето на Уставот.
Јас реков дека дијалогот треба да продолжи, мора да попуштат и власта и опозицијата, не може власта да очекува поддршка за 2/3 закони, а во исто време да има затвореници од политички монтирани процеси, валда не очекуваат да добијат поддршка од опозицијата чии функционери и членови се гонети и го поставив прашањето за 27 април.
Друг никој не го постави тоа прашање, кажав дека казнети се луѓето и треба да бидат казнети но не со вакви драконски казни, да се тргне таа работа, да се откочи процесот, да се изгласаат законите но сето тоа да се седне трезвено да се работава.
Кај претставниците на власта мислам дека според изразот на лицата имаше одобрување за ова, мислам дека и целата опозиција го поддржува ова, вели Јакимовски.
Инаку, за упадот во Собранието на 27 април беа изречени драконски казни, вкупно 211 години затвор за сите обвинети во процесот.
Првично беа обвинети 33 лица од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на РМ и двајца за помагање.
Поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков беше осуден на 18 години затвор за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на земјата.
Судијката Добрила Кацарска во образложението рече дека Чавков бил носител на златната команда на 27 април и иако знаел дека толпата ја тресе оградата пред Собранието и влегува внатре, не дал наредба за интервенција на полицијата.
За истото дело се осудени и Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Мунир Пепиќ, Јане Ченто, Влатко Трајковски Никола Митревски Кољо на по 15 години затвор, Вилијам Михајловски на 14 години затвор, Оливер Поповски на 13 години затвор, Игор Југ, Младен Додевски, Горанче Ангеловски на 12 години затвор, Александар Василевски Нинџа на 8 години и Абдуљфета Алими на 7 години затвор.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.