Потребни состојки:
350 г мешано мелено месо
1 праз
4 поголеми компири
2 моркови
200 мл млеко
200 мл јогурт
2 лажици брашно
4 лажици рендан пармезан
По потреба брашно, путер, бибер, сол и магдонос
Начин на подготовка:
Излупете ги компирите и морковите, исечкајте ги на коцки и сварете ги во солена вода. Измијте го празот, исечкајте го и пропржете го. Откако ќе омекне додајте мелено месо и пржете додека да испари целата вода. Посолете и додајте бибер.
Пропржете брашно на путер, додајте млеко и мешајте за да не останат грутки. Откако ќе се згусне смесата, тргнете ја од оган, додајте јогурт, посолете и додајте бибер.
Во огноотпорен сад ставете ги исцедените компири и морков, додајте месо со праз и прелијте со белиот сос. Промешајте, ставете неколку парчиња путер на врвот, наросете со исечкан морков и рендан пармезан.
Печете околу 15 минути.