Менаџерот во Лондон да ги види понудите од три клуба!

Холандскиот репрезентативен десен бек Дензел Думфрис, фудбалерот на Интер е на пат да замине во англиската Премиерлига, објавија низа европски новинари, откако менаџерот на фудбалерот веќе е во Лондон за да ги чуе понудите на низа гиганти кои сакаат да го ангажираат.

Според информациите, Думфрис за 35 до 40 милиони евра би можел да направи трансфер веќе зимава, а три гиганти се сериозно заинтересирани за него – Манчестер јунајтед, Челси и Тотнем. Па, сега останува ако постои договор за продажба со Интер при прифатлива понуда, Думфрис да ја избере најбогатата за него.

Информации од Италија посочуваат дека кинеските газди на Интер се подготвени да го продадат холандскиот бек.

Пронајдете не на следниве мрежи: