Актерката Мерил Стрип се разделува од сопругот Дон Гамер по 45 години брак.
Според странските медиуми, тие биле разделени повеќе од шест години, но оваа информација ја чувале во тајност. Веста за нивниот развод ја потврди и медиумскиот претставник на Стрип.
„Дон Гамер и Мерил Стрип се разделени повеќе од 6 години. И додека тие секогаш ќе се грижат еден за друг, тие избраа одвоени животи“, изјави тој.
- ЕУ вели дека во моментот нема потреба од подготовки за нова пандемија
- Околу 41 отсто од работодавците сакаат да ги заменат работниците со вештачка интелигенција
- Филипче без ракавици: Поранешни функционери ја поткопуваат партијата од внатре
- Планирани големи промени за Facebook, Instagram и Threads: „Видовме дека овој пристап функционира на X“
- ИМА МРТВИ! ПОЖАРОТ СЕ ШИРИ! Експертот за пеколот во Калифорнија ја најавува НАЈТЕШКАТА НОЌ – снимката од местото на настанот е СТРАШНА (ФОТО/ВИДЕО)
- Висок американски претставник доаѓа во регионот, но нема да ја посети Македонија
- Четирите знаци кои најчесто ја добиваат СЕДМИЦАТА на лото
- Морничаво видео од пожарот во Лос Анџелес! Црниот облак покри сè, огнот носеше сè пред себе (фото/видео)
- Македонската армија на 110 место на листата најмоќни војски во светот
Парот беше претставен од нејзиниот брат Хари во 1978 година, а последен пат парот беше виден заедно во 2018 година кога заедно излегоа на Оскарите.
Инаку, Стрип и Гамер имаат четири деца: синот Хенри Волф и три ќерки, Меми Гамер, Грејс Гамер и Луиза Џејкобсон. Покрај тоа, тие имаат и пет внуци.
Покрај нивниот имот во Конектикат, парот делеше и пространа мансарда Tribeca во Њујорк додека не ја продадоа за 15,8 милиони долари во јануари 2020 година. Потоа, во јули 2020 година, Стрип купи куќа вредна четири милиони долари во Пасадена, Калифорнија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.