Мерка притвор за ќерката која си ја задави мајката

Основното јавно обвинителство отвори истрага за ќерката (46 годишната А.И.) која ја задави својата мајка (74-годишната В.И.) во скопската населба Карпош. Основниот кривичен суд  на А.И ѝ одредил 30-дневен притвор.
“Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената вчера се пријавила во полициска станица Карпош и изјавила дека при вршење семејно насилство, со задушување ја лишила од живот сопствената мајка. Како мотив за сторување на кривичното дело навела меѓусебни несогласувања и расправии заради финансиски средства“, информираат од Основното јавно обвинителство.
Оттаму велат дека дежурен јавен обвинител веднаш излегол на увид на лице место, во домот во кој мајката и ќерката живееле заедно.
“Притоа, затекнатото безживотно тело на 74-годишната жена со наредба на јавниот обвинител е предадено за обдукција. Во исто време, издадена е наредба за прибирање и вештачење на трагите пронајдени на лице место. Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомничената. Надлежниот суд го прифати предлогот и на осомничената и определи притвор во траење од 30 дена“, соопштуваат од Обвинителството.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.