Германската кацеларка Ангела Меркел во видеото објавено во саботата навечер пред посетата на Турција, на нејзината интернет страница, вели дека е наклонета за отворање на ново поглавје во пристапните преговори со Анкара.
Сепак, германската канцеларка Ангела Меркел којашто заговара „привилегирано партнерство“ за Турција наместо полноправното членство во европската унија, истакна дека е резултат на преговорите на Анкара со Брисел треба да остане отворен и останува скептична во врска со тоа дали Турција треба да и` се приклучи на ЕУ.
Турција повеќепати огорчено приговараше поради недостигот од поддршка на Берлин во нејзините надежи за придружување на Европската унија за двојните стандарди во водењето преговори, бидејќи го нема предвид полноправното членство.
„Мислам дека пред нас се долги преговори, Иако сум скептична, согласна сум со продолжувањето за членството. Се занимаваме со ова со отворен резултат“, вели Меркел.
„Во последно време преговорите малку запнаа и јас сум за отворање ново поглавје за да се тргне напред“, смета канцеларката на Германија.
Меркел има намера за тоа да разговара со владата на Турција во текот на нејзината дводневна посета на оваа земја, кога во понеделник во Анкара треба да се сретне со турскиот претседател Абдула Ѓул и премиерот Реџеп Таип Ердоган.
Со оваа порака, Меркел го повтори и ставот на шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус кој на 12-ти февруари изјави дека е наклонет кон отворање ново поглавје во преговорите со Турција.
Во разговорот на истата тема објавен во саботата во регионалниот германски весник Passauer Neue Presse, германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле се заложи за забрзување на пристапните преговори.
Турција во 2005 година ги започна пристапните преговори со Европската унија, но тие не напредуваат, бидејќи некои европски земји, како на пример Франција и Германија не се најрасположени за турското пристапување.
Покрај тоа, Турција одбива на Кипар да ја прошири предноста на договорот за слободен сообраќај кој ја поврзува со европскиот блок. Тоа одбивање доведе до замрзнување на неколку поглавја од преговорите, а од 35 преговарачки поглавја затворено досега е само едно.
Турција ги започна пристапните преговори со Европската унија во 2005 година, четири децении по потпишувањето на договорот од Анкара за царинската унија со тогашната Европска економска заедница (ЕЕЗ), меѓутоа преговорите запнаа поради противењето на Франција и Германија и нерешениот спор околу Кипар. Досега Турција затвори само едно поглавје од пристапните преговори.
На почетокот од февруари, при посетата на чешката престолнина Прага, турскиот премиер Ердоган повтори, како и во октомври 2012 година, дека ЕУ би можела да ја загуби Турцијадоколку не и' го одобри членството до 2023година, кога се одбележува стотата годишнина од основањето на современата турска држава, нарекувајќи го одложувањето „непростливо“.
МакфаксГерманската кацеларка Ангела Меркел во видеото објавено во саботата навечер пред посетата на Турција, на нејзината инт