„Меси никогаш не побарал златниот пехар да биде покажан на ‘Паркот на принцовите’“

Откако се појави информација пред неколку дена дека Лионел Меси побарал од челниците на ПСЖ на неговиот прв меч откако ќе се врати од одмор после освојувањето на светската титула, да биде покажана „златната божица“ на „Паркот на принцовите“, демант дојде од Хадриан Грение, новинар кој посочил дека сè што било објавено е комплетна лага.

Информацијата беше дека газдата Насер Ал Келаифи е во тесно поради наводно барање на Меси да се појави со пехарот, ама Катарецот не знаел и се плашел од реакцијата на француските навивачи, зашто сепак Меси и „гаучосите“ ја победија Франција во финалето.

Сега, Гарние посочува дека Меси воопшто не поставил таков услов, ниту разговарал со некого од раководството на клубот за такво нешто.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.