Најдобриот фудбалер на денешницата Лионел Меси заработил повреда вчера на дерби куп-пресметката со Олимпикл Марсеј (1-2), па неизвесен е и можно е да не игра против Баерн Минхен во вторник од 21 часот на стартот на осминафиналната фаза во најелитното натпреварување.
Оваа вест ја објави најугледниот француски весник „Л’Екип“, чиј новинар Лоик Танзи посочува дека парижаните ќе направат сѐ за да го оспособат Аргентинецот за мечот и во тимот веруваат дека ќе успеат во намерата, зашто од претходно објавија дека Килијан Мбапе поради повредата пред една недела ќе го прескокне мечот.
Сепак, во Баерн и после повредата на Мбапе со Монпелје не веруваат во информациите од Париз, сметајќи дека е само „игра“ за дефокус и дека очекуваат најдобриот француски фудбалер да се најде во составот.