МЕСИ СО ПСОФКА ГО НАЈАВИ ФИНАЛЕТО НА СП

Репрезентацијата на Аргентина со победата од 3:0 против Хрватска се пласираше во финалето на Светското првенство во Катар.

Најголемо внимание на оваа средба, но и заслуги има еден од најдобрите фудбалери на денешницата , Лионел Меси .

Тој се огласи на социјалните мрежи по пласманот во финалето и порача:

„ Финале! Се вративме и најдовме сила да одиграме уште еден одличен натпревар. Ви благодариме многу на сите што веруваат во овој тим. Проклетство Аргентина, да одиме “, напиша возбудениот Меси. Аргентина за титулата светски првак во фудбал ќе се бори со победникот од мечот Франција – Мароко што се игра в среда од 20 часот, а поразен ќе биде противникот на Хрватска во борбата за бронза.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.