Македонските преставници во регионалната ракометна СЕХА лига, Вардар Про и Металург, во среда навечер, ќе ги одиграат натпреварите од 13.коло.Бранителот на титулата во оваа конкуренција, Вардар Про, од 19 часот ќе гостува во Љубишки кај една од најслабите екипи во лигата – Извиѓач.Металург, од 18 часот, во Автокоманда ќе ја пречека Слога од Добој, единствената екипа која во досегашниот тек од првенството нема освоено ниту еден бод.Лидер на табелата во СЕХА лигата е Брест Мешков со 28 бодови, втор е Загреб со 26, а потоа следуваат Металург со 24 и Вардар Про со 23 бодови.
МакфаксМакедонските преставници во регионалната ракометна СЕХА лига, Вардар Про и Металург, во среда навечер, ќе ги оди