Мерењата на врнежите во таа земја постојат од 1959 година, а температурите систематски се следат од 1947 година.
Франција е без дожд веќе 31 ден, што е најдолгиот зимски период без врнежи од почетокот на евиденцијата во 1959 година, објави во вторникот националната метеоролошка служба.
Затоа, почвата е многу сува за овој период од годината, по силната суша минатото лето, објави Météo France.
Временските услови одговараат на вообичаените за средината на април, а особено е погоден југот од земјава.
Иако се очекува дожд кон крајот на оваа недела, метеоролозите предвидуваат еден од најсувите февруари досега.
Франција е погодена од суша од летото 2021 година. Од август 2021 година, сите месеци освен декември 2021 година, јуни 2022 година и септември 2022 година имаа дефицит на дождови.
Заедно со недостигот на дожд, на планините има и помалку снег од вообичаено за овој период од годината.
Периодот од септември до март е клучен за обновување на залихите на подземната вода од топењето на снегот, посочуваат метеоролозите.
Франција е потопла од просекот 12 месеци по ред.
Тоа е првпат од почетокот на мерењата во 1947 година, температурите да бидат над вообичаениот месечен просек толку долго.
Пронајдете не на следниве мрежи: