Мечевите во трите европски купови, Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига во оваа недела, на стартот на елиминациската фаза сезонава ќе почнат со минута молк за жртвите од разорниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија и досега однесе преку 35.000 животи.
Европската фудбалска унија (УЕФА) објави дека секој меч во воведната елиминациска рунда од утре до четврток во трите натпреварувања ќе започнат со минута молк, а на теренот ќе има и порака „Ние сме заедно со вас“, на турски и арапски јазик, во знак на почит кон сите загинати во Турција и Сирија.