Натпреварот од 32. коло на италијанското фудбалско првенство меѓу Удинезе и Рома беше прекинат во 72. минута откако гостинскиот играч 24-годишниот Еван Н’Дика колабираше на теренот поради болки во градите.
Медицинската служба веднаш излегла на терен, носеле и дефибрилатор, но не бил користен. Бјелокошчанецот бил изнесен на носилки свесен.
Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси веднаш отиде во соблекувалната да ја провери состојбата на својот играч. Паузата траеше десет минути, по што судијата Лука Паирето го прекина натпреварот.
Беше објавено дека првичните тестови укажуваат на можен срцев удар кај Н’Дика, кој во јули минатата година пристигна во Рома од франкфуртски Ајнтрахт, а играше и за француски Оксер.
Во моментот на пауза резултатот беше 1:1. Роберто Перејра го доведе Удинезе во водство во 23. минута, а израмни Ромелу Лукаку во 64. минута. Антонио Тиквиќ не играше за Удинезе.