Италијанскиот шампион Милан ја прекина црната серија со победата против Торино од 1-0 во Серија А, а тренерот Стефано Пиоли вели дека триумфот го вратил расположението во соблекувалната.
„Црвено-црните“ од 4 јануари имаа серија од седум натпревари без победа, па сега им доаѓа тежок натпревар против Тотнем во Лигата на шампиони (ЛШ).
„Тоа беше тежок месец за нас, мораме да ја поправиме играта затоа што во ЛШ се игра поквалитетен фудбал, а Тотнем има силен тим. Натпреварот ќе биде тежок, но доаѓа во вистинско време за нас“, кажа Пиоли.
Првиот натпревар се игра во вторник од 21 часот во Италија.