МЕЃУМАКЕДОНСКИ ДИЈАЛОЗИ КОИ ЗА ЖАЛ НЕ НАЛИКУВААТ НА МЕЛИЈАНСКИ

Остар, прецизен, уникатен и интересен статус на Академик Росоклија, само што се појави на Фејсбук. Го издвојуваме, затоа што мислиме дека треба да го видите и вие…Македонските Битанги се во нова офанзива за промена на името и елиминирање на македонскиот национален идентитет.Еве ги моите размислувања во врска со нивните „аргументи“1. Грчката политика е совршено јасна, не од денес и не од вчера, дека тие не прифаќаат постоење на македонски национален идентитет. Кој е тој можен компромис со Грците, кој не го засега идентитетот???2. Компромисот би бил откажување од македонскиот национален идентитет и распаѓање на Македонија како држава.3. Оваа генерација Македонци го нема правото да се откажува или да менува национален идентите. Ниту генерациите пред нас ни го дале тоа право, ниту можеме во име на ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ и надеж за членство во ЕУ, под претпоставка дека ќе постои во наредните 10 години, да ги лишиме генерациите после нас од нивното постоење како Македонци. Затоа предлогот за реферндум е бесмислен, смешен.4. Униите се создаваат и се распаѓаат, нациите го градат својот идентитет, не се откажуваат од него.5. Бранко Црвенковски изјави: „Да го видам тој маж што на нацијата ќе и го смени името“. Јас сакам да го видам оној што на нацијата и дал толку многу, што се чувствува повикан и квалификуван да одлучува за идентитетот? КОИ СТЕ БРЕ ВИЕ ДА СЕ ПАЗАРИТЕ СО НАШЕТО ПОСТОЕЊЕ КАКО МАКЕДОНЦИ? ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ИЛИ НЕКОЈ НЕКА ВИ ГИ ПРЕРАСКАЖЕ И ИНТЕРПРЕТИРА МЕЛИЈАНСКИТЕ ДИЈАЛОЗИ ЗА ДА НАСЛУТИТЕ ШТО СЕ МАЖИ И ЛИДЕРИ.*МЕЛИЈАНСКИ ДИЈАЛОЗИЗа време на пелопонеските војни меѓу Спарта и Атина, Мелијанците, жителите на островот Мелос, одбиваат да влезат во атинскиот сојуз. Атињаните им се закануваат дека ќе ги уништат со својата воена моќ. Преговорите меѓу Мелијанците и Атињаните, познати како „Мелијански дијалози„, ги опишува Тукидит во „Историјата на пелопонеските војни„.Мелијанците, покрај аргументите зошто не сакаат да и се потчинат на Атина и да станат нејзини робови, ги предупредуваат Атињаните дека кршејќи ги принципите на слобода на избор на еден народ, ги рушат темелите на кои почива цивилизацијата и дека тоа ќе доведе до рушење и на атинската империја.Мелијанците не прифаќаат да бидат робови, Атина ги напаѓа и ги победува, за на крај да ја загуби војната со Спарта и да се распадне нејзината империја.Идеите и верувањето на Мелијанците во повисоки национални интереси, како и во правото на избор, симболизира апсолутна добивка за секоја нација, независно од изгубената битка.https://lygdamus.com/resources/New%20PDFS/Melian.pdfМакедонските Битанги се во нова офанзива за промена на името и елиминирање на македонскиот национален идентитет.

Пронајдете не на следниве мрежи: