Традиционалниот отворен меѓународен турнир во забрзан шах (популарно рапид) Алкалоид 2019 и оваа година со нов рекорден број од 168 учесници од 6 држави, од кои 32 со меѓународни титули, а покрај нив и голем број шахисти аматери и вљубеници во оваа игра.
Со освоени 8 поени (7 победи и две реми) на врвот на турнирската табела се најдоа двајца велемајстори. По дополнителниот критериум, првото место му припадна на македонскиот репрезентативец ВМ Кирил Георгиев, а второто на ВМ Бобан Богосављевиќ од Србија. Зад нив следи група од 6 шахисти со по 7 поени ( од 9 партии), која ја предводеа членовите на ШК Алкалоид ИМ Филип Панчевски, ИМ Дејан Стојановски и ФМ Тони Лазов, потоа ВМ Горан Тодоровиќ од Србија, ИМ Никола Николовски (ШК Гамбит Ассеко) и ФМ Марио Ливаја од Србија.
На турнирот земаа учество и 39 јуниори до 18 години, од кои посебно се истакна 14годишните Стојан Велкоски од ШК Алкалоид и Ташев Александар од Бугарија со освоени 6 поени!
Најуспешна шахистка беше македонската репрезентативка и членка на ШК Алкалоид ФИДЕ Мајсторот Моника Стојковска со 5 поени.
Турнирот, кој се одржува осма година по ред, помина во беспрекорна организација, препознатливата позитивна, фер атмосфера, покрај со признак на шаховски празник кој ги следи настаните во организација на ШК Алкалоид.
Пронајдете не на следниве мрежи: