Меѓусебното признавање на Србија и Косово е последниот услов за зачленување во Европската унија изјави претседателот на парламентарната комисија на Европскиот парламент за надворешни работи Елмар Брок.Германскиот пратеник за албанската „Њуз ТВ“ рече дека двете земји, Србија и Косово, треба постепено да ја намалуваат напнатоста во односите и во подоцнежните фази да ја признаат едната другата.Образложувајќи го таквиот став Брок рече дека во ЕУ не може да бидат две држави членки кои меѓусебно не се признаваат, бидејќи, како што наведе, „тоа е невозможно од законски и политички аспект“.Тој се согласи со ставот на германската пратеничка во Европскиот парламент, Дорис Пак дека Косово и Србија треба истовремено да се зачленат во ЕУ, за да не би се повторило, како во случајот на Македонија и Грција, србија со употреба на вето да го попречува косово во зачленување во Унијата.Брок на косовските власти им порача да се борат против високата корупција во државата, што е, како што рече, пред се работа на косовските институции, додека ЕУ може само да пружи помош и поддршка во тој процес
МакфаксМеѓусебното признавање на Србија и Косово е последниот услов за зачленување во Европската унија изјави претседат