Меџити: Јас со Таравари сме едно тело, еден дух – „Немам потреба да одговарам пред никого освен пред него“

Министерот за здравство Фатмир Меџити, кој е еден од тројцата министри на Алијансата на Албанците, денеска изјави дека му дава целосна поддршка на претседателот на партијата Арбен Таравари.

На прашање дали се дали ќе го извести претседателот на техничката Влада, Талат Џафери дали се чувствува дел од Владата или не, Меџити рече дека тој нема потреба да одговара никому освен на Таравари.

„Немам потреба ни одговорност на никого, освен на мојата партија и на претседателот Таравари, да му одговорам нешто. Јас со Таравари сме едно тело, еден дух. Така викам јас, тој исто. Значи цимери, другари, пријатели, професионалци, значи заедно работиме цел живот, невролози, значи секогаш ќе бидам позади него и секогаш ќе бидам поддршка за неговите политики. А посебно затоа што ние најубаво го знаеме здравството, јас и Таравари затоа што сме навистина најмногу засегнати“, рече Меџити.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.