Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром успешно ја започнаа одбраната на титулата во Купот на Македонија, откако во првиот четвртфинален натпревар забележаа победа над Струмица со 98:51 (27:15, 19:12, 22:14, 30:10).Тренерот на МЗТ, Алеш Пипан, го искористи натпреварот за да им даде одредена минутажа на сите играчи и сите успеаја да се запишат меѓу стрелците.Капитенот Гечевски со двоен ефект од 15 поени и 10 скокови го предводеше тимот до победата. Покај него двоцифрен број на поени постигнаа Дамјан Стојановски (14 п.), Ноа Далман (11 п.), Оташевиќ (10 п.) и Маркоски (10 п.).МЗТ Скопје Аеродром во полуфиналето, кое на програмата ќе биде во сабота од 18 часот, за противник ќе го има победникот од натпреварот помеѓу Фени индустри и Работнички.
МакфаксКошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром успешно ја започнаа одбраната на титулата во Купот на Македонија, откако во првиот