Како што објави државната туниска новинска агенција најмалку 70 мигранти се удавија, а 16 беа спасени, откако нивниот брод потона во меѓународни води во близина на Тунис. Бродот кон Европа се упатил од Либија.
Преживеаните 16 мигранти биле спасени од рибарски бродови, други детали не се соопштени.
Агенцијата за миграции на ОН, пак, соопшти дека загинале најмалку 50 луѓе, но потврди дека биле спасени 16 луѓе.