Италијанскиот првак Милан после повеќе од еден месец, уште од триумфот на 4 јануари против Салернитана, конечно дојде до триумф и радост во Серија А и ја прекина црната серија од пет меча без победа (три порази по ред и две ремија), после победата вечерва со 1-0 против Торино за да остане во тесната трка за пласман во ЛШ.
Францускиот ветеран Оливие Жиру после еден час игра, во 62-та минута го скрши Торино за да донесе предност, па тој гол беше доволен „росонерите“ да дојдат до победата и да го вратат победничкиот дух токму навреме пред првиот меч од осминафиналето во ЛШ, зашто во вторник се домаќини на лондонски Тотнем во пресметката за четвртфинале од 21 часот.