Миле Јанакиески: Најостро го осудувам бегството на Никола Груевски

Поранешниот Министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за ТВ 21 вели дека најостро го осудува бегството на Никола Груевски.
„Најостро го осудувам ваквиот чин, бидејќи ќе влијае негативно на судските предмети во целост, а посебно во оние предмети каде сме заедно обвинети“.
Јанакиески додава дека не планира да бега од Македонија и дека моментално е во Скопје, најави и појавување на утрешното судско рочиште за предметот „Титаник“.
Тој бара од медиумите да информираат објективно и повика да се престане лицитирањето за идни притвори и притисок врз судот. Екс премиерот и екс министерот за транспорт и врски се обвинети во неколку предмети од Специјалното јавно обвинителство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.