недела, 29 ноември 2026
Најново

(Фото) Автомобил се преврте на Стража

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Снег синоќа паѓаше на повеќе места низ државата, а патните служби се на терен и работат на расчистување на коловозите.

На превојот Стража се случила сообраќајна несреќа, откако возило излетало од патот и се превртело.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според првичните неофицијални информации, има повредени лица, а на местото интервенираа пожарникари кои рабоа на нивно извлекување од возилото.

Снег паѓаше на повисоките места во западниот дел од земјата, каде што коловозите беа влажни и лизгави.

Поради временските услови, возачите се повикуваат на зголемена внимателност, да ја приспособат брзината на движење и да држат безбедно растојание.

Поврзани вести