сабота, 28 ноември 2026
Најново

(Фото) Вратено македонското знаме во Гостивар, полицијата го расчистува случајот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонското знаме е вратено на место откако во Гостивар претходно беше пријавено отстранување на државно знаме на улицата „Илинденска“ поставено од Општината.

Од МВР информираа дека случајот бил пријавен вчера во Одделението за внатрешни работи Гостивар.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Полициска екипа извршила увид, а се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Општина Гостивар реагираше на информациите објавени во медиумите за отстранување на државното знаме, посочувајќи дека знамињата пред општинската зграда и во центарот на градот се поставени и не се отстранети.

Претходно, Министерството за внатрешни работи информираше дека во полицијата било пријавено отстранување на државно знаме поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“, дека бил извршен увид и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести