Мило Ѓукановиќ во официјална посета на Македонија

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска и утре престојува во официјална посета на  Македонија.
Како што соопшти владината прес-служба, по пристигнувањето на Ѓукановиќ на Меѓународниот аеродром Скопје, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ќе организира официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести пред „Вила Водно“, по што е закажана и тет-а-тет средба на двајцата претседатели.
Според програмата, следува пленарен состанок на официјалните делегации на Република Северна Македонија и Црна Гора, а потоа и заедничка прес-конференција на Пендаровски и Ѓукановиќ.
Предвидена е и церемонија на полагање венец од страна на црногорскиот претседател на гробот на Гоце Делчев, во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Во рамките на посетата, Ѓукановиќ треба да се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и премиерот Зоран Заев.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.