Ова е навистина лесна за подготовка и вкусна салата која може да биде целосна замена на еден ваш оброк. Направете ја и уживајте во нејзиниот прекрасен вкус.
„Мимоза“ салата без шунка: Богато предјадење со јајца и сирење
Потребни состојки:
4 големи компири
2 поголеми моркови
5-6 кисели краставички
200 г тврдо сирење по ваш избор
5 варени јајца
200 г мајонез
бибер и сол
Начин на подготовка:
Добро измијте ги компирите и морковите, а потоа сварете ги во солена вода.
Оставете ги да се изладат, па излупете ги. Сварете ги и јајцата.
Крупно изрендајте ги компирите и на чинија за сервирање формирајте го првиот слој салата со помош на вилушка.
Премачкајте ги компирите со мајонез (ви требаат најмалку 2 лажици), а потоа изрендајте ги морковите и формирајте нов слој со вилушка. Прекријте го слојот со мајонез.
Изрендајте ги ренданите кисели краставички ставете ги во сито и исцедете ја течноста, па нанесете го и слојот од краставички. Повторно премачкајте со мајонез.
Повторете ги слоевите со компири и моркови, ставајќи помеѓу секој слој мајонез.
Намесете уште еден слој кисели краставички и нанесете мајонез.
Потоа изрендајте го сирењето и наросете го одозгора.
Излупете ги јајцата и одделете ги белките и наредете ги преку салатата.
Повторно премачкајте со мајонез, а потоа изрендајте ги жолчките, нанесете го и овој слој, па украсете со ливчиња магдонос.
Оставете ја салатата добро да се излади во фрижидер.