Министерката Петровска и претседателот на Независниот синдикат на одбраната потпишаа нов Колективен договор


Како што се наведува во соопштението на МО, министерката се заблагодарила на репрезентативниот Синдикат во одбраната, како и на останатите синдикати за посветеноста и отвореноста во разговорите, што довело до потпишување на документот

Унапредување на стандардот на вработените во одбраната и целосно вреднување на нивниот труд опфаќа новиот Колективен договор за вработените во одбраната и припадниците на Армијата кој денеска го потпишаа министерката за одбрана Славјанка Петровска и претседателот на Независниот синдикат на одбраната, Ванчо Исајов, соопштија од Министерството за одбрана (МО).

„Драго ми е што покрај вложувањето во опрема, паралелно ги подобруваме условите на вработените и нивниот стандард, како и нивниот углед во општеството. Ќе продолжам да се залагам сите ваши права да бидат почитувани, а Колективниот договор доследно да се применува. Бевме отворени за сите синдикати кои ги почитуваме во целост, а ја почитуваме и позицијата на репрезентативниот синдикат. Дијалогот продолжува“,

изјавила Петровска.

Како што се наведува во соопштението на МО, министерката се заблагодарила на репрезентативниот Синдикат во одбраната, како и на останатите синдикати за посветеноста и отвореноста во разговорите, што довело до потпишување на документот.

„Ова е свечен чин на потпишување на Колективниот договор. Ја цениме конструктивноста што ја покажавте, имајќи предвид дека најголемиот дел од нашите предлози се прифатени и преку дијалог, дојдовме до овој резултат. Како синдикат, предвид ги земавме сите вработени и особено драго ми е што со овој договор ги опфативме и службениците во Министерството. Соработката со вас продолжува и во иднина“,

изјавил претседателот на Независниот синдикат на одбраната.

Колективниот договор, како што се додава во соопштението, меѓу другите содржини, опфаќа соодветно вреднување на степенот на образование, исплата на испратнина при пензионирање во висина од 15 плати и друго.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: