Господинот Садула Дураку го предлагам за министер во Mинистерството за политички систем и односи меѓу заедниците, рече премиерот Зоран Заев на седницата за избор на новите министри.
– Легислативно е затворено поглавјето на Рамковниот договор. Со новото министерство ќе преминеме на имплементација на ново општество, општество за сите, каде ќе зборуваме за граѓаните, а не за етнички заедници и за градење општество каде сите ќе бидеме еднакви – рече Заев.