Министерот за економија „не знае кај е“: Ги измеша Божиновска и Лукаревска, минималната плата била 60.000 денари?!

Министерот за економија, Бесар Дурмиши, се чини дека „не знае кај е“, а секојдневно прави гафови. Во изјави за медиумите тој ја помеша министерката за енергетика Сања Божиновска со поранепната диркторка на УЈП Сања Лукаревска.

Дополнително, според министерот за економија минималната плата е над 60.000 денари, што е трипати повеќе од минималната плата во државава, која изнесува нешто над 22.500 денари.

Бесар Дурмиши на позицијата министер дојде од Општина Тетово, каде ја извршуваше функцијата претседател на Советот.