Владата, на предлог на Министерството за одбрана ја донела и одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија, за учество во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ во Република Летонија
Министерството за одбрана ќе набавува повеќенаменски транспортни хеликоптери, со склучување договор влада со влада, помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Италијанската Република. Оваа информација денеска ја разгледала и усвоила Владата на седница, на која била овластена министерката за одбрана, Славјанка Петровска, која во име на Владата на Република Северна Македонија ќе го потпише Аранжманот помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Италијанската Република, за соработка во полето на воената хеликоптерска авијација.
„Согласно потребата за реформа на одбранбениот сектор и негова интеграција во НАТО, утврдена во Стратегискиот одбранбен преглед, како што е соопштено од Министерството за одбрана, се постапува по Долгорочен план за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија, за постигнување целосна интероперабилност со армиите на земјите партнери во НАТО“,
се вели во владиното соопштение.
Владата, на предлог на Министерството за одбрана ја донела и одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија, за учество во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ (Enhanced Forward Presence -eFP ) во Република Летонија.
Инаку, кон крајот на минатата година министерката Петровска најави набавка на воени дронови, кои се дел од најновата технологија и можат да се користат за војување и за заштита и гарантирање на одбраната на една држава.
Петровска воедно најави набавка на воени дронови.
„Беше презентирана анализата од Генералштабот на македонската Армија каде се разбира нивните насоки се позитивни, веќе работат на прецизирање каков вид на дронови и во колкав обем треба да бидат набавени и како сите ќе бидат инкорпорирани во нашиот систем. До крајот на ова година очекувам тимот кој е формиран во Министерството за одбрана и во Армијата да излезат со конкретен предлог за набавка за дроновите“,
рече таа.
Тогаш посочи и дека досега на Украина и биле донирани 12 хеликоптери, за кои рече дека нема да бидат отуѓени се додека не биде склучен договор и додека не бидат донесени во нашата земја нови осум хеликоптери.