Министерство за здравство: За првпат годинава има двапати покачување на платата за здравствените работници

Оваа година два пати веќе се покачуваат платите на здравствените работници. Еднаш во првата половина на годината се покачија за 2000, 2500 и 3000 за три различни групи здравствени работниици. А сега на 9 октомври имаше ново покачување од 10 проценти, плус договорена е исплата на регрес на крајот на годината, е ставот на Министерството за здравство во однос на протестите од Независниот синдикат.

– Апсолутно сметаме дека покачувањето е значајно и Министерството и министерот Меџити од преземањето на функцијата силно се залага за подостоинствен приход, а двете покачувања се резултат меѓудругото и на оваа заложба. Сепак, можностите и буџетот не дозволуваат повеќе од две покачувања во годината. Министерството веќе одржа повеќе состаноци со синдикатите каде беше разговарано на оваа тема при што детално има беше образложен пристапот на Владата и Министерството за здравство во однос на покачувањата, се наведува во реакцијата од Министерството за здравство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.