Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Миркуловски, на квалификацискиот натпревар со Шпанија,се здоби со повреда која од ракометните терени ќе го оддалечи меѓу две и три седмици.„Пукнат ми е адукторот на левата нога. Се работи за стара повреда, која сега ја обновив. Во моментот чувствувам силна болка. Ме очекува пауза во траење од две до три недели. Повредата дојде во многу непријатен момент, пред важни натпревари на нашата репрезентација и на мојот клуб Металург. Најверојатно не ќе бидам во состојба да патувам во Шпанија, за што навистина жалам“, изјави Миркуловски за интернет страницата на Металург.На повреда за време на мечот со Шпанија се пожали и Велко Маркоски, кој уште не знае дали ќе патува со репрезентацијата на гостувањето во Шпанија. „Имам проблеми со долниот дел од грбот. Чекам да ме прегледа лекарскиот тим, кој ќе реши дали ќе бидам во состојба да патувам во Шпанија“.Македонската репрезентација ќе гостува во Шпанија на 7-ми април, натпреварот ќе се одигра во Гвадалахара со почеток во 12:30 часот.
МакфаксМакедонскиот ракометен репрезентативец, Филип Миркуловски, на квалификацискиот натпревар со Шпанија,се здоби со повред