Мисовски: Направивте општа хистерија дека ќе го вратите името и ќе го поништите Договорот со Бугаријa, ќе видиме дали успеа измамата

Не знам дали ние изгубивме или вие победивте. Во кампањата ние зборувавме за Европа, а вие зборувавте за укинување на Преспанскиот договор и раскинување на Договорот со Бугарија, рече пратеникот и претседател на НСДП, Горан Мисовски на седницата за избор на новата влада.

Мисовски побара од новиот премиер Христијан Мицкоски: „Дајте да го решиме проблемот, оваа држава да оди напред“, во однос на уставните измени и евентуалното внесување на Бугарите во Уставот, како клучен услов за отворање на преговорите со ЕУ.

-Направивте општа хистерија дека ќе го вратите името и ќе го поништите Договорот со Бугарија. Ќе видиме дали ви успеа измамата.

Дали Македонија е повторно горда? Ова мое прашање е упатено кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Гордоста е емоција или чувство на големо задоволство, односно почитување на самиот себеси.

Посакувам да седнеме и да се договориме околу уставните измени, да ја направиме и таа отстапка. Државата треба да се движи во вистинскиот правец, кажа меѓу другото Мисовски.

Пронајдете не на следниве мрежи: