Интернетот е преполн со опасни теории на заговор поврзани со коронавирусот, па дури и за тоа како заштитните маски не помагаат за заштита, па дури и дека се опасни за оние кои ги носат.
Теоретичарите на завери шират невистини за тоа дека маските се штетни бидејќи во нив не може да се вдише кислород, туку го вдишуваме испуштениот јаглерод диоксид. Дека тоа не е вистина, на дело и со факти покажа еден млад доктор од Даблин.
Getting asked
“Does wearing a face mask lower your oxygen levels” repeatedly by patients today!
Based on what they are reading on social media
*Face coverings / masks don’t reduce your oxygen levels!*
I managed to get six face masks on + it had no effect on my oxygen levels! pic.twitter.com/qNKYa8pejx
— Maitiu O Tuathail (@DrZeroCraic) July 14, 2020
Мајтју О Туатејл на Twitter објави видео во кое докажа дека не постои начин со носењето маски да се намали нивото на кислород во крвта, па дури и да носите шест маски одеднаш.
„Пациентите постојано ме прашуваат дали носењето маски го намалува нивото на кислород во организмот, а тоа ме прашуваат поради работите што ги читаат на социјалните мрежи. Прекривањето на лицето со маска не го намалува нивото на кислород. Ставив шест маски на лицето, а тоа немаше никаков ефект на нивото на кислород во мојата крв“, коментира тој покрај снимката.