Познат е идентитетот на лицето кое беше пронајдено починато, во поодмината фаза во близина на филтерната станица во Велес, на шести јануари.
Јавноста сега шпекулира дека можеби има врска со неодамнешните настани и убиствата кои што зачестија во регионов…
- Зеленски: Сакаме да го завршиме конффликтот со Русија во 2025 годинаУкраина сака да добие безбедносни гаранции од САД и да- прочитај повеќе
- Инспектор нападнал началник во ОВР Радовиш – доби кривична пријава и суспензијаОдделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при- прочитај повеќе
- САД: ПОЖАРОТ ПОДМЕТНАТ?! Полицијата во Лос Анџелес уапси пироман, истрагата доби шокантен тек!Пожарот во Кенет во Лос Анџелес сега се истражува како- прочитај повеќе
- Се изготвува ново законско решение за сообраќајните камериПроектот за камери е еден од приоритетите на Министерството за- прочитај повеќе
- Исекле шума во вредност од два милиона: Уапсени двајца мажи поради кражба на дрва!Припадници на Министерството за внатрешни работи, Службата за сузбивање криминал- прочитај повеќе
Како што беше објавено, станува збор за велешанец на возраст од 66 години, кој беше пријавен за исчезнат од јули минатата година. По него се трагаше подолг период, а семејството социјалните мрежи бараше помош во негово пронаоѓање.
Од СВР Велес по повод случајот известија дека на местото каде бил пронајден трупот бил извршен увид од увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на Институт за судска медицина, заради утврдување на причините на смртта и идентитетот.
ОЈО сеуште без конкретни одговори во врска со случајот, односно дали е утврдена причината за смртта на велешанецот, кој исчезна пред околу шест месеци, а чиј труп беше пронајден кај филтерната станица на ЈКП Дервен во Велес. Од таму посочија дека се уште не е готов обдукцискиот наод.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.