Митко по 15 дена во ГОБ 8-ми септември: Големо благодарам, трчаат од пациент на пациент

Ситуацијата со корона вирусот во Македониjа од ден на ден се усложнува и се бара место повеќе во болничките капацитети ширум нашата држава.

За таа цел првиот човек на нашето здравство, Венко Филипче деновиве е мошне активен, па информираше за нови сместувачки капацитети:

-Утрово, со работа почна ковид центарот на Клиниката за очни болести, кој располага со 23 кревети. Во следните денови обезбедуваме уште 50 легла за ковид пациенти на Клиниката за уво, нос и грло. Целиот здравствен систем е координиран и усогласен со сите здравствени установи.

Подоцна Филипче информираше и за можноста приватните клиники да се стават на располагање.

Попладнево остварив работен состанок со сопствениците на приватните болници „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“. Разговорите беа конструктивни, а приватните болници изразија позитивен став во однос на користење на нивните ресурси од страна на државата за справување со пандемијата.

Со оглед на тоа што за првпат државата заедно со приватните здравствени институции треба да направи реорганизација за справување со ковид кризата во време на пандемија, дополнителни прецизирања на условите, начинот на користење на ресурсите на приватните здравстевени установи ќе бидат договорени на следниот состанок закажан за в недела.

Дотогаш, на формализирање на соработката работат тимовите од Министерството и приватните болници.

Емси Емси во фејсбук групата И јас сум Венко Филипче – поддршка, сподели сведоштво на својот татко во кое што се вели:

„По изминати 15 денови во Болницата “8 Септември” на оделението за Пулмологија претворен во KОВИД центар, чуствувам морална обвска да кажам:

ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ и секоја чест на СРЕДНИОТ И ПОМОШНИОТ ПЕРСОНАЛ на тоа одделение. Забележав дека токму тој персонал е многу важен за еден процес на водење на пациентот да биде целосен!

Кога веќе сме таму, тие се тие кои се грижат за нас во текот на целиот ден.

Работат во хармонија ред и разбирање. И само ги гледаш како трчаат од пациент до пациент без притоа да им се почувствува заморот кој и те како го имаат. А за хигиената навистина се грижат беспрекорно на највисоко ниво.

Порачките кои ни ги праќаа нашите најблиски ги добивавме секогаш и навремено ни ги доставуваа.

Совршена организација во тој хаос кој ни го донесе вирусов и со кој заедно се бориме сите. Ние влегуваме и си одиме, а тие се таму за сите.

Секогаш 100% и со најпозитивен дух! А во такви моменти некогаш и една насмевка е многу важна. БЛАГОДАРАМ! Од мојот татко: Митко Митевски.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.