Михаела од Скопје го победи коронавирусот: Се чувствувам како најсреќниот човек на светот!

Михаела од Скопје го победи коронавирусот: Се чувствувам како најсреќниот човек на светот!

Бројот на излекувани лица од новиот коронавирус е многу голем, а секојдневно лица од целиот свет кои ја победиле заразата, ги споделуваат своите искуствата и шират позитивна енергија, со апел да се седи дома.
Едно од тие лица е и младата Михаела Јаневска од Скопје, која успешно го совлада коронавирусот, отакако се зарази пред две недели. На својот фејсбук-профил, таа сподели емотивно видео во кое прекрасно пее во знак на благодарност за сите медициснки работници кои се грижеле за неа, како и за пациентите кои сe’ уште се во болница:

„Откако се изборив со корона вирусот и ја напуштив болницата со два негативни теста, се чувствувам како најсреќниот човек на светот. Многу сум среќна што сум конечно дома, бидејки своеволно отидов директно од авион во болница.
Големо благодарам до сите доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене и продолжуваат да се грижат за сите останати.
Денеска пеам за сите нив и за сите пациенти кои се се уште во болница. Ова е за вас!“

НА ТЕМА ПРОЧИТАЈТЕ УШТЕ И:

СЛУШАЈТЕ СИ МУЗИКА ДОДЕКА ЧИТАТЕ ВЕСТИ: 

Радио станици на Пулс24

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.