Мицковски ќе протестира за Гоце Делчев, Заев вели дека штити криминал

Мицковски ќе протестира за Гоце Делчев, Заев вели дека штити криминал!!

Нагласен е изборниот резултат од Делчево, каде што Мицковски загуби со 1000 гласа разлика. А од таму доаѓаат најблиските луѓе на Мицковски…

Протестите за струјата поминаа мошне лошо, со слаба посетеност. Исто така беа компромитирани со скапи коли и непримерна иконографија.

Сега изгледа на Мицковски му е доста од „штитење“ на сирмашните и борба за струјата. Сега ќе протестира за Гоце Делчев. Гоце бил црвената линија за нашето достоинство. Делчев го разбираше светот како поле за културен натпревар помеѓу народите – напишале на страната на Фејбук на Мицковски…

Заев веднаш му возврати на неговиот Фејс профил: Делчев е борец за социјална правда, а Мицкоски е бранител на криминал и неправда. Тие двајца никако не одат заедно. Тоа на Мицкоски му го порачаа и граѓаните на Делчево каде ВМРО-ДПМНЕ изгуби со повеќе од 1000 гласови разлика на последните избори.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.