И премиерот Мицкоски го осуди обидот за атентар на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
– Во овие моменти на тага, шок и загриженост на американскиот народ, како претседател на Владата, упатувам изрази на најголема осуда за кукавичкиот обид за атентат врз претседателот Доланд Трамп.
Истовремено, на претседателот Трамп и на повредените граѓани им посакувам побрзо опоравување и заздравување.
Нашите мисли и молитви се со претседателот Трамп, со неговото семејство и со американскиот народ. – напиша Мицкоски.
Како што можете да забележите, Мицкоски го осуди атентатот, но му го утна името на Трамп, односно напиша Доланд наместо Доналд.