Премиерот Христијан Мицкоски, по 24 часовен молк, соопшти дека и се јавил на Радмила Шекеринска и го честитал именувањето за заменик генерален секретар на НАТО.
„Не е тајна дека во Македонија сме имале многу концептуални разлики и тоа не треба да го криеме. Но, како влада имавме предизвик околу одлуката кого и како да поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО. Ние немавме никаква дилема околу одлуката, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, а ако тоа не го правиме, тогаш тоа е лицемерие. За нас единството и интересите на земјата се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната алијанса е навистина чест“, рече Мицкоски.
Потоа тој соопшти дека уште вчера и се јавил по телефон и најавил соработка.