Мицкоски најави финансиски пакет во соработка влада со влада во вредност од една милијарда евра



Според него, ќе бидат донесени и други две странски инвестиции, за кои што додаде дека е услов да си замине сегашниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски, зашто, како што додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, му бико речено имале лошо искуство од него за да дојдат и да инвестираат во земјава

Во првите 100 дена од идната влада можам да кажам дека имаме многу амбициозна агенда за која веќе се подготвуваме, но не сакавме да ја експлоатираме во кампањата. Денеска кога веќе се е завршено, можам да кажам дека веќе е завршена и една озбилна странска инвестиција, во делот на енергетиката.

Ова вечерва во гостување на Канал 5 го рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, додавјќи дека најавува и еден финасиски пакет на соработка влада со влада во вредност од една милијарда евра.

Како што посочи тој, ќе бидат донесени и други две странски инвестиции, за кои што додаде дека е услов да си замине сегашниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски, зашто, како што додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, му било речено дека имале лошо искуство од него за да дојдат и да инвестираат во земјава.

„Можам да најавам еден финансиски пакет во соработка влада со влада во вредност од 1 милијарда евра, со исклучително поволни услови. Со добар грејс период со исклучително атрактивна каматна стапка. Со две други странски инвестиции кои што би биле во зоните, но услов е овој директор кој што е таму и претседател на СДСМ во најава да замине, бидејќи се навистина со лошо искуство од него да дојдат да инвестираат во Македонија кои што се исто така прилично атрактивни и ценам дека еден ваков финансиски бран ќе биде само дел од оној процес за кој што зборувам цело време, а тоа е како да донесеме надеж“,

рече тој.

Според него, во втората половина на јули очекува да го направат ребалансот на буџетот, а веќе од септември да почнат проект со децентрализација на финасиски средства и инвестиции во општините, за што се предвидени 250 милиони евра годишно, но како што додаде, бидејќи сме на половина од годината, буџетот ќе опфати 125 милиони евра.

Најави дека економската програма се темели на инвестиции, а не на јавна потрошувачка, но и дека инвестициите и зголемувањето на платите мора да се одвиваат паралелно.

Во однос на барањата на синдикатите за зголемување на минималната плата, Мицкоски најави дека прво ќе ги видат перфомансите на буџетот, а потоа во рамките на реалното, ќе ги исполнуваат барањата.

Според него, се планираат и новини во даночната сфера за консолидирање на профитот на мултинационалните компании.

!function(f,b,e,v,n,t,s){if(f.fbq)return;n=f.fbq=function(){n.callMethod?
n.callMethod.apply(n,arguments):n.queue.push(arguments)};if(!f._fbq)f._fbq=n;
n.push=n;n.loaded=!0;n.version=’2.0′;n.queue=[];t=b.createElement(e);t.async=!0;
t.src=v;s=b.getElementsByTagName(e)[0];s.parentNode.insertBefore(t,s)}(window,
document,’script’,’https://connect.facebook.net/en_US/fbevents.js’);

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: