понеделник, 23 ноември 2026
Најново

Мицкоски се сретна со новата британска амбасадорка Сивањанам: Обединетото Кралство е значаен партнер на Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со новата амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија, Маја Сивањанам.

-На средбата ја истакнавме важноста на долгогодишните пријателски односи и стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и потребата од нивно натамошно унапредување преку продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес – наведува премиерот во објавата на својот Фејсбук профил.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Мицкоски наведува дека Обединетото Кралство е значаен партнер на Македонија, а континуираниот дијалог и заемната поддршка се важна основа за градење посилни билатерални односи и нови можности за соработка.

Поврзани вести