недела, 22 ноември 2026
Најново

Ален Рустемовски по Европското првенство: Најдоброто допрва доаѓа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Боксерот Ален Рустемовски се огласи на социјалните мрежи по настапот на Европското првенство, каде што, како што вели, вложил многу труд и подготовка со верба дека може да стигне до златниот медал.

Во својата објава, Рустемовски не го крие разочарувањето од исходот, но истакнува дека спортот носи и победи и порази, а секое искуство е нова лекција и мотивација за понатаму.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Се спремав напорно, вложив многу во ова првенство и верував дека можам да освојам златен медал. Вчера не ја добив победата што ја заслужив, но таков е спортот. Не секогаш работите се одвиваат онака како што посакуваме“, напиша боксерот.

Тој упати благодарност до сите кои му давале поддршка, како и до Боксерската федерација, Олимпискиот комитет, Министерството за спорт, Општина Битола и неговите спонзори, меѓу кои ја издвои компанијата „Адмирал Македонија“.

Посебна благодарност упати и до семејството и најблиските, кои, како што посочува, стојат зад него и во најтешките моменти.

Рустемовски порачува дека неговата спортска приказна продолжува и дека пред него се нови цели и соништа за кои ќе продолжи да се бори.

„Мојата приказна не завршува тука. Пред мене се уште поголеми соништа и цели за кои допрва ќе се борам. Ќе продолжам да го давам максимумот од себе, сè додека не го остварам она за што работам и сонувам“, порачува боксерот.

Поврзани вести